ококори (св.)
Кога го слушна и Петре Митревиот глас, ги ококори очите, ја отвори широко устата, му се загледа право во очите и почна да муцка одоздола: — Ми ... Ми ... Митре, брате Митре!!? Ти ли си, или твоата сенка?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бошко ги ококори очите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Детето ги ококори очите: единствен протест... Потем се заврти. Заплака. Се повлече...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Најдо ги ококори очите и ги рашири носните дупки, та почна брзо да дише.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сиве ги ококори очите и му светнаа разни мисли, но ја извади косата и го опкоси тагарџикот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И кога ме сети, еда, се сврте, ги ококори очиштата и сега нема каде: јас гледам во неа, еда, таа гледа во мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Мене ли марш? - се ококори Кузе. - Мене ли? Веднаш ќе одам кај командантот, та ќе видиш ти!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Навистина, глекава иловица сета под коски, и ококорена. Зејгора, привидно.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А и не можеш да не ги видиш тие истркалани глави со пеплосани лица, со ококорени очи и со отворени усти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Дедо Мраз стои со ококорени очи, не трепка.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тоа не ѝ откинува на Родна и скоро гласно проговорува Уште не се испилил а веќе ги ококорил очите!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Што тресиш зелени“, му вели на Сотира. „Барем снегот го чистеа зиме по патон“, се сврти ококорен Сотир, „една инекција можеше да клајш во амбулантана во Лерна“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Внатре бев само јас, ни станат, ни прилегнат, ни замижан, ни ококорен, ни болен, ни здрав.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штукнаа луѓето - од - власта. Ги ококорија очите како да здогледаа молња Светогорска, како да чујат труба благогласна, како да задува ветре развигора.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)