окарактеризира (св.)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Многумина грозоморните ученичко-студентски од нив, сѐ до појавата на демонстрации деновиве да се окарактеризираат странски известувачи на како манипулација и скандал, сепак, станува демонстрациите, никогаш во животот не виделе збор за досега највоочливиот и најопасен знак странец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ќе му се загледаш в лице ќе видиш дека тој располага со насмевка што може да се окарактеризира како посебна.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Барем можам некако да се окарактеризирам, и покрај сета моја нестабилност.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)