оживее св.

оживее (св.)

Мразот копве, иде нова смена, пролет иде, нараснало жито, Вардар ќе набуја в пена, крај мој роден оживува питом...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Зачмаената улица оживуваше. Како матен порој ги валкаше во мов удавените луѓе - себични и нечовекољубиви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Луѓето, што ги познавав, ги преобразував во своите мисли, предметите ги оживував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оживеа од слатката надеж дека брат му ќе умре, се насмевна и ги протри рацете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пролетта пукна и сѐ оживе. Во Старчевото градинче пчелите заработија и како да им зборуваа на децата: „Гледате ли ние колку се трудиме?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не заспиваше. Само сонот оживуваше во него настан, тајна негова, расплеткуваше нишки од јазолот на негоиот живот и неговиот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога го чу својот глас, развлечен и матен како закан, како порој на оловни слогови кој не ги бришеше сенките на патот туку ги оживуваше, го влечеше по себе сенките-сведоци или јатаци, сеедно, до една бездна во која беше сѐ непознато и над која веќе немаше ништо освен ехото на тие слогови - „Да живеат сите ножови на светот!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само умирав со напор барајќи ги во втората Марија твоите добрини и оживував за нови напори откривајќи во таа Марија само Марија, обична Марија. И една Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа ги затвори очите. Ѝ оживеаја стари заглувнати спомени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се дишеше и се преливаше оживеано од некаков чуден трепет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така се роди неговиот ѕверски инстинкт. Претчувствата оживуваа облици и шумови, жедта, непозната досега, му ги полнеше очите со сол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
До куќата го испратија три страшни свирења од кои наоколу во секое катче на земјата оживееја сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Влезе таа како замајана во куќата, загледувајќи во секој агол како божем бара нешто. Ѝ се чинеше дека сѐ оживеало и ѝ шепоти: „Иде... иде...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На следниот ден не почнуваат рано, сега може да се работи кога улицата оживува со своите секојдневни шумови за да остане нечујна борбата со новиот непријател под улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Далеку во морето оживува и се ниша плашлива светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една ненадејна мисла го оживеа Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одеднаш чуката оживе. Колку внимателно да ги фаќаа четниците метеризите, аскерот ги забележи, а командантите со биноклите можеа да ги видат како се сместуваат зад големите карпи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На првите звуци од клепалото долината оживе. Од сите бараки и земјанки почнаа да излегуваат луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе