оженет прид.

оженет (прид.)

Но нејзините остри зборови го задржаа и не ја удри, плашејќи се дека навистина може да го остави со две деца, ни вдовец, ни оженет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сѐ друго, како она дека бил оженет со некоја Митра, дека ги предводел побунетите славјански селани против византиските и солунските господари, и дека токму тој, односно, ја основал населбата во Потковицата и бил првородственик на Акиноските, си противречи со сѐ што досега знае историјата за Григорие Акиндин: „...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Дали сте оженет, господине Мид?“ „Не, не сум.“ „Не сте оженет“, рече гласот на полицаецот зад светлосниот сноп.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Јас не успеав да ти кажам дека веќе сум оженет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Винстон беше во брак - или барем беше оженет; веројатно е сѐ уште оженет, зашто колку што знаеше жена му не беше мртва.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш беше во состојба со денови по ред да заборави дека некогаш воопшто бил оженет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ваквата неиздржлива агонија ја прекина жена ми, кога еден * Запис пронајден во мемоарите на среќно оженет човек ден ми кажа дека вистинскиот татко на детето не сум јас, туку некој ментално заостанат човек, пациент од душевната болница во која таа работи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го зедов писмото – во него објаснуваше зошто го сторила она што го сторила: се вљубила во оженет офицер, останала трудна од него, тој ѝ рекол дека нема да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никогаш не знаеше дека оженетиот маж не е секогаш неприкосновен чувар на своето морално поле, на својата ведрина, на своето ментално и емотивно спокојство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секогаш траеја долго, цел ден такаречи, се среќаваа со сестра си Пандора и браќата кои веќе беа оженети, со многу пријателки, со братучетките, секогаш беше многу весело.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
До сега се закитила со два трофеја. И двата „сома“ биле „среќно“ оженети.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)