одреже (св.)
Што бараше тој овде? Крила за своите миризби или меч што ќе ги одреже тие крила? Ни едното, ни другото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Спиеше ли цело попладне?“ одрежа жена му. „Четири пати те викав, но немаше одговор.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Беше сјајно црна, со сребрени копчиња и со сребро оковани петици на црните чизми; прилегаше како некој од темна маглина да одрежал раце и нозе и тело, со бледи ѕвездички што проблеснуваат низ неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)