одреди (св.)

На третата вечер ќе идат наречниците да и одредат на „дуда" пат по кој ќе врви во својот живот. Пак стрина Маловица дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој домаќин си остава наследник на куќата, та и ти така треба да направиш, да си одредиш наследник на твоето место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Сте го добиле своето, туку јас би му го одредил тука местото и на вашиот господар.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нему му се падна. Нему му е одредено тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под неговото длето, му се чини, подлегнува пркосен непријател во челичен оклоп и само нему му е одредено да го продупи со мечот (длетото е веќе остар меч) на човечката правда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денко го крена грнчето, отпи две-три голтки, па го тргна од уста, држејќи го така минутка-две, треперејќи со очите, шмркајќи со носот, трудејќи се на сите начини да му ги одреди својствата на тој пијалак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало каде беше сместен аскерот и тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дваесет и пет на Милка по голо месо! — му нареди Толе на Брниклијата кого го одреди да ги извршува неговите пресуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко ѝ на жена му, слепиот Тимон, му велеше: „Побргу од тебе сум ги видел ѕвездите, зете, но тие не ја одредуваат судбината наша, туку ние самите си ја одредуваме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кој е повеќе за Русија, кој е повеќе за Америка? (Пауза) Да ве немаше вас, не знам тоа како ќе се одредуваше, мајката. Немаше да се знае кој е што. Немаше да има хи-фи. Вака има два.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ти ни го одредуваш патот на зрачните надевања дека е побогат и еден убав потез со раката насочена во вистинско место од сета залудна тревога што дните ни ги исполнува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се говореше дека бил специјално одреден во домот, со задача згрижување на децата од војната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Да не зборуваме повеќе. Ти си одреден. Преземи ја должноста и збогум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но имајќи го предвид она што Богуле во текот на годината одвреме-навреме извонредно ќе го кажеше - му одредуваше општа оценка: многу добра.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Често насоките, земјите каде што одеше, сам ги одредуваше, а често го завлекуваа и случајностите на кои им се препушташе како откината санта мраз, како лист зафатен од ветрот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Откако ќе ја ожнееја првата ракатка и ќе го отвореа полето, срповите им ги предаваа на тие од кои ги зеле, а сами седнуваат под сенка и плетеа капели, или заминуваа низ полето за да одредат друга нива за жнеење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А и сам Симиќ, кога виде дека му завршија лагите и молбите и клетвите, се заплати и чекаше да чуе каква казна ќе му биде одредена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе