одрами (св.)
Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Генералот застана, се сврти кон двамината и праша дали е доволно далеку или треба уште некој чекор да оди понатаму. Дваминината ги одрамија автоматите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Некој, од тие, кои нѐ спроведуваа, ми ја одрами торбата со печената кокошка и со сѐ уште топлата погача...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ете и оттогаш тој не одрами пушка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој застана и седна. Го одрами шмајзерот и го потпре на колено.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Стој! Предводникот и стражарот разменуваат нишан и веднаш потоа жените одрамуваат сандаци и вреќи, растовараат добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)