одмерено прил.
одмерен прид.

одмерено (прил.)

Таа не трепнува. Здржано, одмерено ја крева чашата. Бескрвно. Студено...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одекнува тапо, одмерено удирање горе, се оддалечува и пак се доближува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сѐ, што правеа сега, пред нивните очи, тие две раце, изгледаше како да го прават од шега, но сепак сѐ беше така одмерено и меко, толку точно и без ниедно непотребно движење ни на малиот прст, што тоа беше просто волшебство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше добро одмерено, тоа го одмерија кога се судрија очи в очи, а тој таму не се покажа којзнае како.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оние што зборуваат одмерено, човечки, со желба да бидат другарски разбрани, секогаш ни се драги, секогаш сакаме да ги слушаме, сакаме да ги среќаваме, да работиме со нив, да се дружиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Секретарот, барајќи да си го поврати авторитетот разнишан од овој козар, пред своите потчинети, сега поприбрано и одмерено му се обрати гласно на Чанга за да слушнат и другите главни козари: – Ние градиме социјализам на патот кон комунизмот, кон бескласното општество.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Патниците се скаменети во прадвижење на одмерено однесување.“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ногата ѝ е одмерено поткрената; ѝ светкаат чевлите првпат обуени, ѝ ѕиркаат везените винени чорапи под долгата бела кошула порабена со прекрасни шарби; во раката зафучила везано шамиче со разнобојни пуфки на рабовите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во сенката на дебелите yидови низ кои шпартаат специјални видови на гуштери - чии паѓање во нечија коса предизвикува едвај видливо бранување од извик, страв, паника среде таа речиси пустинска неподвижност (оттаму, од таа статичност, можеби потекнува и „сценската“ форма на овој скеч?!) - господинот Иљаз, првиот попладневен посетител во чајџилницата САМО ТИ ЈА, зависнички (истовремено страсно и одмерено!) го срка првиот од низата чаеви што следуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Си се врати веднаш во зоната на својата тишина, и продолжи одмерено, небаре ги диктира елементите од извештајот што требаше да го поднесе комисијата пред Партијата и пред власта: - Сите овие сиџили, односно кадиски регистри или протоколи, пишувани или препишувани од разни кадии, помеѓу 1607 и 1912 година, колку што може да се забележи од овој бегол увид, пишувани на арапскотурски јазик, најголемиот дел се однесуваат на положбата на селаните, на чифлигарството, на верските конверзии, на матролозите, на дервенџиите, на јаничарите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред тоа одмерено кажување исчезнаа за час натрапливите слики. Кочо ги раствори широко очите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Милно се смешкаат. Постојано одмерено говорат нешто фино, двосмислено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Цвеќето како да се смееше одмерено ѝ велеше: - Доволно сум убаво, сѐ што ќе оставиш до мене, ќе биде непотребно и грдо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Баба ја набоди фурката под мишка, ја оптегна каделата и одмерено го врти вретеното и сучи бел конец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)