одложен (прид.)
И така средбата со дедо Иван беше одложена за в лето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Живеевме во тој мал миг на одложената несреќа. А таков беше целиот живот на нашето семејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се претпоставува дека тие имаат радио-приемник и управата на полицијата порачува, на молба на сер Крафорд, дека нападот врз седмиот кат ќе биде одложен за два часа доколку се докаже дека неговата ќерка е жива и здрава.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Јагулче Дримски зеде иницијатива, се консултираше со секретарот Трим Тоска, а потем се упати до републичкиот секретар да побара дозвола работната седница да биде одложена за другиот ден.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
79 Предвидениот датум, 10 мај, бил одложен. Точниот датум на спуштањето на оваа мисија не е познат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Поради сѐ уште неповолното време во Крушево се одложени планираните акции за пошумување на терените, уредување и чистење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Беше тивка и храбра, силна во својата величествена самота, во тој наш голем пораз, одвлечени на маргините од животот во кој секогаш имаме веќе спакувани одговори за нашите одложени знаци на возвратена љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Можеби со зборовите што сакав да ги упатам на мојата мајка се мешаа одложените зборови на телеграмата со кои требаше да го известам југословенското раководство за малата дипломатска победа во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Чинот на првата брачна беше одложен за следната ноќ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)