одзатне (св.)
Јас го фаќам за уши, шлибнувам нагоре и му се одзатнува душникот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сето небо е одзатнато, ништо не го запира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
7. Со каиши на нозете ги прицврстив качувалките а во обете раце цврсто држев по една поголемка вакуум-гума за одзатнување на одводни цевки.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Жената неуморно маршираше горе-долу, наизменично затнувајќи си ја и одзатнувајќи устата со штипки, пеејќи и замолчувајќи и закачувајќи уште пелени, и уште, и уште.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеш кога да си ја пуштиш а кога да си ја прибереш насмевката. Кога да си ја затнеш а кога да си ја одзатнеш муцката. Да знаеш само колку ти завидувам поради тоа“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)