одежда (ж.)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Моите набожни подвизи го натераа татко ми да ме замислува во црна одежда и брада.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во одежда на страдалник Гледа Арсенија Лилјак прелетува над него во мракот И низ прозорецот на костурницата Удира во полиците со черепи Врз ки е врежано Герасим Ефтимија Павле Копајќи со прсти по земјата Меѓу летото и правта земска Греда Арсенија И ластовичка во залезот како прелета над реката и застана на крстот спроти него.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но утрото, кога се готвеа за закопот и кога тој, Максим, ја облече свештеничката одежда, неочекувано за сите, Симиќ грдо го нападна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Поп Доне се покажа во попска одежда.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во пожарот изгореле сите манастирски конаци и скапоцените работи: книги, одежди, реликвии, амбарите со жито, бурињата со вино, бинлаците со ракија кои пукале како бомби.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Колку си ја сакала самотијата сестра Ангелина, колку си ја почитувала немоста и безответноста, мирисот и тишината во храмот, црната одежда и својата ангелска бестелесност (самата така се чувствувала), толку не ги сакала натрапниците, накинџурените, раскокотени и разголени визитарки и визитари кои, најчесто, не доаѓале на духовно поклонение во манастирската светост, туку да им помине времето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во вистинската љубов, сѐ се враќа, на чудесен начин се премостува времето. – За патувањето во Италија, мили, јас, за прв пат, си ја облеков одеждата од свадбените дарови што ми ја донесе ти, за нашето свадбено патување!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Ти како сакаш„, ѝ рече на Тодора, „ама јас на огнот сум вечен роб уште од раѓање, а само господ знае дека на сите тревата ни е прва одежда, а црвите вечни гости”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тревата му беше прва одежда, црвјата вечни гости.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зад сите нив пак, свештениците во црковните одежди.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас се израсплакав, не знам дали оти го видов во монашка одежда или оти однапред го доживеав она што ќе го доживее Лена, кога ќе му го чуе гласот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Маршираше со униформата на шпански борец, со стари учесници во Октомвриската револуција, прославени команданти на пролетерски бригади во антифашистичката борба, со медали на градите, заедно во колоната со генерали во свечени униформи, со амбасадори во свечени одежди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)