одделен прид.
одделение ср.

одделен (прид.)

Да ги споредиме овие два процеса. Едни историчари и филолози тврдат оти јужните Словени уште до доаѓањето на Балканскиот Полуостров се разликувале помеѓу себе, т.е. составувале два одделни народа: Словени /Бугари и Словенци/ и Србо-Хрвати. Така тврдеа Копитар 129, Миклошич 130 и Шафарик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука имаме многу високи планини што имаат разен правец и образуваат котлини, одделени една од друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Аман, бе Фидане, бе! Их, ама вино си имал!... (Седнува меѓу нив). (Момци и девојки, стоејќи во одделни групи, се задеваат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тие спиеја во одделни бараки и ретко можеа да се видат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Смешно, рече некој што беше одделен од мене со леко подвижен превез на тутунски чад. - Таа енигматизирана филозофија е обична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таквите литературизирани судбини во одделни литератури имаат своја богата традиција и претставуваат долгорочен национален интерес и системска програма во творештвото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Скоро се фатија, како дослушнуваат одделни искажувања на селаните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа, откако беше задоволен со чистењето, внимателно почна да ја испитува, фаќајќи одделни делови, поместувајќи ги оние што можеа да се помрднат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една одделна камена зграда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или барем одделни морфеми, ритми, структури, мисли.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Барем што се однесува за мене, вистина е дека оделни стихови што веќе претходно сум ги напишал, напати невидоизменети, од некоја песна сум ги вградувал во нова песна.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Четири години сум одделен од жената и децата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2 Миодраг Друговац, посочувајќи одделни делови од расказите на Чинго забележува: „ ... Чинго ја усвитува својата реченица, дијалогот му е мошне едноставен, занимлив и неверојатно непринуден, како изделкан во духот на народниот раскажувач...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој беше виновникот, тој беше одделен, беше изваден настрана од сите нас во едно ќоше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе