одбран (прид.)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пространството зад судиите беше набиено со одбран свет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еднаш мислев дека е далеку од мене и од многу други луѓе, дека е само за една мала шепа луѓе, една таква судбина на одбраните на оние што сакаа и што се бореа, што живееја само за да сакаат и да се борат, и што најпосле успеаја да го преуредат животот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таму, човекот повеќе бара и повеќе зема, опружен на широка нишалка, со одбрани билки околу себе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така широка нишалка, со одбрани билки околу себе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој имаше цело стадо одбрани сански кози и неколку космати прчови, кај кои секоја есен масовно се носеа козите на оплодување, а некогаш и предвреме поради нестрпливоста на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дискусииите водени околу проблемите при преведувањето се исто така водени на ниско ниво; студиите кои имаат „научен“ пристап кон оваа проблематика обично се индиосинкретични судови за сосема случајно одбрани преводи на делата на големите писатели како Хомер, Рилке, Бодлер или Шекспир.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Кога се зборува за ‘одбрани малцинства’, вообичаената злоба ја претумбува смислата на тој израз и се прави дека не знае дека човекот на елитата не е само вообразено суштество што верува дека е над другите, туку битие коешто од себе бара повеќе од другите, дури и кога не му тргнува од рака да ги оствари себеси поставените повисоки цели...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Следат пароли фиксирани со одбрано бело камење: Слава на великот Сталин, по повод 100-годишнината од раѓањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го пленеше макетата на патот на јагулите, двете одбрани големи препарирани јагули.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И со слово мачно, со јазик одбран, со срам и пониженост му преподаде логотетот на Филозофот и слово за ќерката малоумна негова, за срамот негов, за гревот што не го сторил тој, ами некој негов предок, а тој го плаќа како долг туѓ од божјата книга на вересиите запишани.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Та нели е тоа показ дека нашиот прв човек е човекот без сенка, одбраниот од Лукавиот, зашто и самиот е лукав, темен и подземен?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги беше собрал среде Поградец еден ден, во петок, на одбран ден, сите градски моќници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова училиште кое беше познато како Женска гимназија која, подоцна, го доби името на маршалот Јосип Броз Тито, покрај другата голема Машка гимназија која го доби подоцна името на народниот херој Цветан Димов, имаше свои одбрани ученици, но и добри и угледни професори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
БОРИС: Уште колку души има по куќава? МАТЕЈ: Толку сме ама одбрани.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
АНДРЕЈА: Како беше на приемот? СТЕВО: Розово. Пука шампањско, шуштат женски фустани, се наздравува со одбрани фрази, култура, цивилизација. XX век!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)