оголен (прид.)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Плачело нешто во таа шума, врескало нешто толку жаловито и толку болно, што оној не можел а да не потрча кон таму по испаѓаните наврнати лимонести жолти лисја, меѓу сивите оголени стебла.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некаде, во насока кон Грамадна, во оголената шума, под ударите на дивиот ветер, болно крцкаше стара бука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но сега се веќе во онаа доба кога силата од ден на ден ги напушта, кожата им ожебавува, пука, се лупи; им стрчат оголените гранчиња ко суви ковчиња, чкртаат на ветерот грозно, морничаво.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Може од утре да не бидеме заедно, вели, којзнае кој куршум не мисли отаде ридовине, вели. Ја кревам главата и гледам отаде ридовите. Во празното небо, оголено и изгребано.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гледаш: рака овде, нога онде, црева, оголени коски. Касапница.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си дишеме со земјата, сета подлокана, оголена, оглодана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се сноваат луѓето оголени и побелени, мислиш мртовечки глави носат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дедо Мраз многу се збуни. Пред очите сѐ почна да му се врти, па и гасеницата од сенки, и елените, и крошните од оголените дрвја.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Јадри капки паѓаа шумно и во лочките креваа клобурци. Од оголените гранки се слеваа водени нишки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Колку различни типови има во оваа професија, помисли, додека пред оголеното теме на таксистот (Гласот баритон / интелектуален лик / по сила – шофер) бришачите рамномерно се поклонуваа ту кон едната, ту кон другата страна на шофершајбната, како да ги подбутнуваа тромавите задници на побавните автомобили.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Посебно го импресионираше тоа што Кабалата ја споменуваше како „оголена душа”, како сенка која талка помеѓу двата брега, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Муцката му беше набрана со оголено забало, крзното накострешено по грбот, а опашката опасно крената.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На оголени и карпести места поради мразното разорување интезивен е процесот на кршење на карпите.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)