огин м.

огин (м.)

Зашто тогај земља ќе да се запали, да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И ќе да се отвори пред них страшна јама длабока и ќе да прати Бог ангели да ги фрлат у јамата, што е силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Них ќе да ги запали тој силниј огин, да ги мучи.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
На пепел троскот, пелин во огин пламен јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Копнат и како бура пеат и како огин палат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На пепел троскот, пелин! Во огин пламен јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А вие, клети ајдуци, од огин раци дрпнавте, пламенот уште не вивнал, и се во дворци прибравте.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сета бригада гореше во натпреварувачки огин и, занесени во работа, бригадирците не ја забележаа веднаш големата промена кај малиот палавник, заборавајќи го своето вчерашно решение.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Аргир стоеше исправен над огинот. - Дедо Аргире, јадењето е готово... ќе истине...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не, тој Прокоп до вчера уште башмајстор, сега подаде рака за корка леб и за малку место на чергата крај огинот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто да вика помош? Каков огин да гасне?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Каде очи гледаат! - одговори полека Прокоп и ја наведна главата, не можејќи од срам да гледа повеќе во Аргира и во другите околу огинот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Попусто колнеше: „Огин да ве изгори! Трујач да ви биде!“ - и го тргаше од рацето на војниците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денко, Бојан и Елена отидоа во колибата да го разгорат огинот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вади пакло цигари, му ја подава на Саздо; овој зема цигара, му се заблагодарува со нишање на главата, па откако ја навлажнува, го прифаќа огинот што шефот му го подава од скапоцена запалка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Не му беше тешко да запали огин.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Е каде ќе запалат ваков огин.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Златни деца на туѓа рака оставени, зар маќеата мајка ќе биде, огин да ја изгори...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сонцето ги пробиваше зраците низ црвеникавите облачиња, чиниш зад нив, таму некаде далеку, силен огин е запален.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе