овчарски прид.

овчарски (прид.)

Дали во голи рамења, дали во пусти опинци, или во стапот овчарски?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Одеднаш Јоне ќе викне, и тогаш едната од нив, водачот, ќе пушти глас сличен на овчарско свирење и сите ќе спрснат да бегаат брзо како ветер, искачувајќи се по најстрмните места.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Две големи овчарски кучиња им се спуштија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овчарите свиреле. Се носел звукот од шарените овчарски кавали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овците ги тераа на пасење двајца овчари. Тие беа загрнати со големи овчарски гуни.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Десно од мене, потпрен на својот овчарски стап, стои старец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таква е овчарската манџа во постите која ја имаат крстено „свирипиле“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги познаваше лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
17. Дедот Јован Паленѕа ги скорна јаловињата од дебелата сенка на борјето во Грбла и ги замана кон Торнезата пресоп, та, потпирајќи се на дебелиот овчарски стап, почна да накачува по нив нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна да одгледува разни сорти кучиња: овчарско, миник, загар, лангач.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слушнав кучињата лаат, тие нашите, овчарските, кои беа многу опасни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Летоска, откако го видов објавен Зборникот јуначки, жаловни, смешни овчарски, самовилски, љубовни и други песни со душата на мојот народ и на знаците на кирилицата нанижани.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кучето, овчарскиот шарпланинец, кој дотогаш беше многу мирен сопатник, се вознемири...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од мака само свират на кавал и толку се извештија, што бараат да се формира овчарска филхармонија!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Младата жена, препалена, ја испуштила таблата, та храната се истурила до овчарските кучиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Планините реките, езерата и огништето дедово кај искри пламен во тенеќе кофа кај пуканки пукав, под крошните од црница тутун жолт, лист по лист си нижев... и овчарска торба со погача мека, сирењето зрело од баба ми праг..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)