овладее св.

овладее (св.)

Околу пладне, кога минувачите ја полнат улицата, тој скокнува, започнува да вика овладеан од изненаден транс.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го овладеа желба да му се спротивстави, да го натера да се откаже од својата намера.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Почувствував дека сум се остварил, дека овладеав со себе, и дека живеам во онаа мера во која писателите што ги земав како своја духовна храна беа од моја крв и со мое месо”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие се израз на неговата немоќ да овладее со силите што самиот ги привикал и самиот ги довел на власт за веднаш потоа да стане нивна евтина играчка, предмет на нивно иживување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Блажен, оживувачки, неискажлив бран на радост во душите и срцата; блика радоста од очите, од солзите, од образите, избива од секој збор и довикување, од плачот и :воздишките, напојува, озрачува, исполнува и овладува...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)