образложение (ср.)
А, откако ќе им објаснам, најчесто заклучуваат дека моите образложенија не држат и дека морам да одам со нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А лордот Селбурн на кого СОЕ му била потчинета, на 18 јули 1943 година му упатил писмо на Винстон Черчил со барање да се зголеми помошта на Дража Михајловиќ со образложение дека неговите симпатии се „решително на страна на Михајловиќ...
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Треба да се забележи дека во образложението на Судот има доста неточни работи, што гемиџиите не би можеле доброволно да ги кажат, тие, по сѐ изгледа, биле изнудени од властите, зашто им конвенирале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Работата дојде дотаму што ционистичките членови на Советот на еврејската заедница бараа оставка од главниот рабин, без да понудат образложение.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Колегите никогаш не го заморуваа со висока политика, со образложенија и детали, сè што им беше потребно беше неговиот глас.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Потоа нареди на десниот глужд на Ирис да се постави камера свртена нагоре, кон нејзиното меѓуножје, со образложение дека мора да постои врска меѓу срамните влакна на Ирис и влакната од брадата на мажот ѝ.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кампањата за надомест пропадна наеднаш и без валидно образложение, и божиците на плодноста, коишто избрзаа на оваа основа, останаа беспомошни пред гладната натална принова, колнејќи ги празните ветувања.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: • прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); • второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и • трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во образложението на пресудата, односно на решението, второстепениот суд треба да ги оцени жалбените наводи што се од решително значење и да ги означи причините што ги зел предвид по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во образложението судот ќе ги изложи: барањата на странките и нивните наводи за фактите врз кои се засноваат тие барања, доказите, решителните факти што ги утврдил, како и прописите врз кои судот ја засновал пресудата (чл. 327, ст.1-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Писменото решение содржи: увод, диспозитив [изрека], образложение, упатство за правно средство, назив на органот, со број и датум, потпис на службеното лице и печат на органот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Императорот останал задоволен од образложението на Гете и почнал да му говори за драмите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Избањај се, да не смрдиш на туѓ парфем во креветот до неа (ако воопшто спиете во иста постела), со образложение дека грчиш и ќе ја оставиш без спиење, значи - за нејзино добро.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како едно дете мало образложение такво има, за музиката на тој Ангел која ја слуша.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)