обожавател (м.)
Полицискиот агент, новиот обожавател на инспекторовата ќерка, притрча и се фрли меѓу нив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Раните Бојсови цртежи долго време беа особено ценети од неговите естетски- конзервативни обожаватели, оние коишто никогаш не би можеле да покажат било каков вистински ентузијазам за неговите неортодоксни скулптури или инсталации.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А после дозволи им на твоите обожаватели малку да те помирисаат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од тоа не следи, меѓутоа
дека Константин Кавафис
(29.04.1868 - 29.04.1933)
обожавател на трагичното
во широка смисла на зборот
е „историски поет“, како што самиот изјавил
туку поет кој вдахнува и овоплотува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
У го надживеа својот обожавател. Никогаш не умре.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Немаше излез, човекот со кој живеев беше неверојатно подложен, да не кажам подмолен обожавател на сите можни пороци. Згора на сѐ луд.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
А во 1994 година групата се здоби со геј- бесмртност со песната „Андрогин ум“/Androgynous Mind (од Експериментален џет-сет, треш и без ѕвезда/Experimental Jet Set, Trash and No Star) која – можеби поради почитта кон нивниот неодамна починат штитеник и обожавател Курт Кобејн – му го преосвои Бог на геј-идентитетот:
Еј оди тажен ангел, збори ко жена
Надвор да мисли зошто сѐ е тиња, а не е жена
Ене го клоцнат во стомак, го сјебале, таман толку треба
Ме клекнаа на колена, му бацувам прстен, Бог е љубов
Андрогин ум, андрогин ум
Андрогин ум, андрогин ум
Андрогин ум, андрогин ум
Еј, еј, дал’ си геј?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И токму затоа што сум обожавател сум толку разочаран...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А извесни културни облици, како бродвејските мјузикли или холивудските мелодрами, на сличен начин се вдахнуваат со посебни сила и значење, кои привлекуваат несразмерен број машки геј- обожаватели.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)