обод (м.)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тимберланд е фирма која прва исфрли на пазарот висококвалитетни кожни мокасини со врвка провлечена околу ободот долж целите чевли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во првиот дел фустаните беа во романтичен стил: долги, со широк пад, горе затворени, во роза-зелено каро, со шешир со широк обод.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)