ноженце ср.

ноженце (ср.)

Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се доближи полека, прикрадувајќи се, на она место, го подигна предното ноженце божем да пречекори уште еднаш, но ноженцето сега сосема само се врати назад и срнчето отскокна пак, сврте неколку пати поигрувајќи по собичката, секогаш повторно доаѓајќи од она место и секогаш сѐ побезумно отскокнувајќи назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа ни дадоа војнички униформи, по една батериска светилка, пешкир, конци и игла, шамимче за бришење нос, ноженце заедно со лажица и виљушка и потоа нѐ качија на воз и така станавме војници и веќе не бевме деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)