ни (сврз.)

Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ни на оро, сред младите, ќе видам, либе мое, да блеска твојот пусат в сјај.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нам не ни треба присоединување кон Бугарија, ни кон Србија, ни кон Грција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, во Македонија има општо словенско, ни српско ни бугарско население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонија, после ќе речат нашите противници, не претставува ни географска, ни етнографска ни историска целина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лебами, да најдам нешто, ни многу младо, ни многу старо - ќе се женам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јас сирота, ми ископни, ми се истопи детето! Ни јаде, ни спие.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го гледаш, само спие како рудо јагне, ни да писне ни да вресне, јагненце, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Наш човек ни оти украл, ни оти отепал... И ако отепал за пари не, никој Турчин — јанќесеџија!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ова е особено важно за современите неохегелијанци, што го воскреснуваат Хегел, придавајќи ги кои атрибутот на неговиот „самоспознат дух“ непогрешливите диктати ни своите „водачи“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
БАБА АНЧА: Народ, како народ... Ни сите прсти се еднакво долги, ни оти сиот народ е едкакво умен.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Ејди, горо, шумно горо, шумна горо јаворова, ни за мајка, ни за татко, ни за прво либе жалам.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Но занесен во работата Мече ни слушаше, ни гледаше нешто друго.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе