ниша (несв.)

Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи, в пот се изоблеа ладна: Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи, таа полумртва падна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше вечер, јасен вечер у Прилепа града, по безоблачно ми небо месечина плава, окол неја там безбројни, ситни ѕвезди сјајат, а и ветер тихиј, хладниј лист на дрвја нишат.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Колата тркаше по каменистиот пат и се нишаше како лаѓа на бранои, де на едната де на другата страна, како да ќе се преврти.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кузман се обидуваше да ја фати за рака, таа се тргаше, нишаше глава и пискаше. - Не, не... Зар овде? Види го ти безобразников.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Го убиле, го убиле, тагуваше тој и ја нишаше големата глава. - А се бореше против анархистите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Купувам старо, ревна ненадејно од ќошот Баждар нишајќи се во црното палто и со префрлена стара вреќа преку десното рамо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се нишаат далеку три танки маслинки, му се противставуваат на дождот се тргаат од корен да се искорнат и да се пробијат низ мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Претставата се нишаше во беспростор и безвреме. И гледај!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека ги слушаше одговорите се муртеше, како да не одобрува нешто. Мрмореше и ја нишаше големата глава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Домаќинот со света сериозност слушаше, ја разгледуваше својата рака без два прста, ја нишаше главата како да сака да ја откорне од нејзиното лежиште.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ти, пезо, рече нишајќи ја главата. - Ќе ве сотрам обајцата. И тебе и него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тоа не е сѐ. Пред коњот се ниша и четвртата судбина, господар на другите три судбини: средовечен човек со долг стап в раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Доаѓај ми, доаѓај ко ноќта Сета болка може да се стопи в тишината на средбата темна кога ништо в немир не го ниша класјето на двете тивки тела.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Сега веднаш, веднаш ќе ги доведам, чорбаџи Панде, - се протегна тој, ги зеде парите и мигум, нишајќи со својот голем стомак, тргна накај големата анска порта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Не, овој не е мојот Крстан, овој е друг човек“ - си мислеше и нишаше тажно глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јано, се нишаше и се слушаше себеси. Јано, сакаш ли да седиме пак на трева тројца - ти, јас и бронзениот поет? Кажи, сакаш ли?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пие неуморно земјата, жедна седум педи под својата кора, во воздухот се нишаат мали сребрени кандила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше решен: доста е со ваков живот. Собата му стануваше тесна, во стврднатиот воздух се нишаа шумови и мртви мириси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во измаглините таму се нишаат две тенки мургави раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе