нишанџија (м.)
А тие, Бугарите, го зеле на нишан и со топ го гаѓаат. Си го проверуваат нишанот, нишанџијата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се сетив за пушката. Ти знаеш, нишанџија сум, не сум вчерашен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нишанџијата седи на камен стуткан во ќошот. Спие. Нозете до глужд во вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во топлата ноќ, низ широката пушкарница, ветерот фрли грстови гласови во бункерот и го разбуди нишанџијата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ми ранија двајца. Некој си пезевенк, мора да е добар нишанџија...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)