нискост (ж.)
Исушената, изнемоштена рака му го нуди каменот, и пламенитата порака врежана во него, пораката на луѓето од златната раса, боговите во човечки лик што уживале во светот на белите еднорози, која е осудена да минува низ алчноста, лекомисленоста на калливите потомци, на кои им припаѓаат и синот Азаев, и патрициот Константин, и бедниот Сириец, и тој самиот, и младиот придружник што маѓепсано го голта каменот со засолзени, од возбуда, поглед – заточеници на сопствената нискост.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Каква нискост! Убиецот се мотка под нашите прозорци, а дебелиот адвокат ме советува да се средам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Што можев да правам? Дали можев да му одговорам на Миќо за една ваква смислена нискост?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)