нечувствителен прид.

нечувствителен (прид.)

Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка тоа убаво го чувствуваше, а ние како да останувавме нечуствителни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Френк не беше нечувствителен на таа очевидна пристрасност и затоа промрморе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можноста да ја погледне в лице, му предизвика паника која моментално го направи нечувствителен кон телесната болка и кон душевното страдање.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)