нечиј (зам.)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Најпосле болно застенка набаре нечија невидлива рака му го стисна грлото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А ако не го најде, бубачката ќе се залепи за нечија стапалка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зелен отров, помисли. Како нечии очи. Избегнуваше да одговори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но многу други стрелаат нечии синови. Многу синови на неплодната земја беа стрелани.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Марија, ќе ја тргне од љубопитност да гледа нечија крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Или еднаш в болница во нечија крв пливаа меури на коскена срж. „Превивка“, побара.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ним им се придружи смешно плачење на вљубен пес - скитник и нечиј остар глас со густи, крти слогови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Чувствуваше дека до смрт би можел да ги забуца забите во нечие месо но вака сплеткан во лудачка кошула беше беспомошен. „Курвино семе“, мрмореше. „Курвино семе.“ Тие се сетија и молкнаа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Под кожата песочно закрцка крвта и накостреши вепар. „Ракија и подвизи“, за`ржа. „Можеби тоа.“ „Се разбира“, не го сфати Мирон. „Ти си брат“, а тој почувствува нечиј поглед на тилот и се сврте.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Арсо ожесточено го закопува длетото во влажната мекост на нечие тело и се сепнува од тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Отпрвин, нешто измислувајќи, нешто украсувајќи, тој го воведуваше во занимливиот свет на своите доживувања, во кои човекот секогаш победува и се ослободува себеси од нечија волја.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа нечиј туѓ свет и тој беше малечок за да ја сфати сета големина на празникот околу себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога ќе е готова, нечиј врат ќе страда!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Па учителке нема облаци, - писна нечие гласче од задната клупа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Клоцаме, клоцаме, додека нечија капа не се разлета во парчиња.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)