неформален (прид.)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
6. Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма (чл. 60, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Секогаш имаше добар сенс како треба да се дотера за различни прилики – и формални и неформални.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
НЕФОРМАЛЕН Не користам шаблон строг и мразам хаику со слог отидов да читам некролог
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Просто сметаше дека ова е прва неформална размена на мислења по паѓањето на стратешки многу важниот Клефтис, што и тој, Кикицас, не само жалеше, туку го сметаше за почеток на крајот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)