неусетен (прид.)
А учителот, притоа, не испушташе да рече: - Гледате ли, драги мои, како секојдневно и неусетно ни се слива времето. . . како се проткајува и тече, тече и одминува со нас, а и ние со него. . .
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Патиштата во оваа земја се убави и беа без снег, а брзинометарот на Коле речиси постојано стоеше на 160 километри, така што брзо ја сечевме панонската рамнина и неусетно се најдовме во Будимпешта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Што е сега ова, си реков! Незадолжително прашање или неусетна провокација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој дури се приближува неусетно во темницата да чуе подобро.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Убавиот лик не го следеше тој со вртење глава, а го проследуваше, се така загледан в земи, внатре во себе, дури не му се сталожи како неусетна издишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)