неубедлив (прид.)
Уверувањата на Бендоу во врска со можноста за зголемување на наркоманијата меѓу малолетниците се исто така неубедливи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имајќи предвид дека САД уште биле надвор од воениот конфликт, нивната инволвираност во европската војна се сведувала само на "прикриена воена помош" на Велика Британија36 и на празни и неубедливи политички ветувања, за разлика од конретните и убедливи политички ветувања на нацистичка Германија, која играла на картата на ревизионизмот, којшто биле присутен во некои балканските држави што останале незадоволни од Версајскиот мировен договор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)