неубав (прид.)
Се случија уште многу други, неубави и чудни нешта. Сите дома се загрижија.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Никого не познаваш... И убаво ти е, а? - Па ни убаво, ни неубаво... Онака... Секој си ја гледа работата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан излезе малку пред колибата, се прошета до стреата, седна врз Јурукот, галејќи ја со раката неговата рапава кора, како да се оправдува, како да се извинува пред ова дрво за неубавиот однос кон него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сум чула толку неубави работи за неа и сега ми дојде назгодно да ја прашам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Те сонив неубаво, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— А што е убаво кај мене, вели, ако спиеш на трошки леб, неубаво се сонува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Џинот имаше неубав, зејтинлест мирис, како на кинеска ракија од ориз.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не мислев да те расплачам, Мими, премногу си чувствителна, ајде, насмевни се!“ се обидуваше да ја смири Влатко, прекорувајќи се дека ја скрши радоста поради доаѓањето на дедо Владимир. Неубава работа... ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но во следниот миг таа жестоко се збира, тој ја тутка, ја парчосува сликата, а лицето му го искривува неубава насмевка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Миќо носеше долги панталони, беше некако неубаво издолжен, како глиста, и целата негова физика не влеваше многу верба во она што го прикажуваше, но јас - кусопанталонест - го гледав сепак со извесен респект.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се обидувам да мислам на добрите работи а неубавите ме бркаат како сенка...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)