нетрпелив прид.
нетрпеливост ж.

нетрпелив (прид.)

Мече го изгледа зачудено и застана. – Каде ќе одиме? – Не прашај, туку брзај – нетрпеливо го потргна за рака Беличот. – Ќе ти кажам нешто.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече си седна под сенката на еден багрем, ја закуба нервозно тревата околу себе и сосема заборави, обземен од свои мисли, на оние што долу, крај реката, запотени под пекот на сонцето, го чекаа нетрпеливо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Овој пат се чини како ѕвонењето да е нетрпеливо.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Нетрпеливо и иронично.) Овој збор, Иване, сосем не ти прилега тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ели светеше од радост. Таа постојано беше нетрпелива - кога ќе тргне во училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој со нетрпеливи потези започнува да ја гради стапицата од бои на белото платно за да го улови нејзиниот таинствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Воопшто не беше нетрпелива, туку само молеше исплашено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
* Во себојно фустанче облечено за брзо соблекување, директно од ролшуи на штикли (така ли се стига побрзо?) нетрпелива да го пополниш идеалниот градник, со двете немирни, долги нозе сакаш да го опчекориш градот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Го прашувам со нетрпелива реченица. - Имаш тоалетна хартија?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се крена долга и дива викотница, врева и бука и само се слушаа нетрпеливите до хистерија извици на Авдотја Инатјевна, која велеше, „Ама побргу, побргу! Ах, кога ли ќе почнеме од ништо да не се срамиме!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој едноставно беше нетрпелив зашто сакаше токму оние што му беа најблиски нему да бидат и најдобрите меѓу луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Симон почна да станува нетрпелив.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стана нетрпелив и мене ме оддалечуваше од себе и од неговата куќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам дали е нетрпелив или можеби навистина јас сум толку здодевна!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Добро, знам, знам, - го прекинува Марко малку нетрпеливо и се свртува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа погледна кон нетрпеливиот како да сакаше да му препорача тој да ја преземе работата, но неговиот нервозен изглед го натера да се покае.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Што ви е, стар занесенику? рече тој нетрпеливо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе