несмален (прид.)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Спасените, незапрени јагули од луѓето, невидливи, брзаа кон морето, со несмален нагон на преживувањето...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Групата што го слушаше Т се преполови, но тој продолжи да ги покажува личните знаменитости со несмалена возбуда.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Не е сѐ во куповната моќ, мила моја, со несмален подем ѝ рече тој“.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Имено притисоците не стивнаа и натаму продолжуваа со несмален интензитет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)