нереализиран (прид.)
Затоа што тој е веројатно последниот и најнескротениот нереализиран национализам на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Неодамна наидов на една книга од психологија во која ја подвлеков следната примедба: “Родителите им го крадат на децата сопствениот идентитет кога бараат нивното дете да ги оствари нивните нереализирани животни амбиции”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На крајот настапуваше тежеста на годините. Животот изоден, а соништата докрај нереализирани.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)