нервозен (прид.)
КОСТАДИН: Ех! Знам и јас... Пари им требаат! Пусти да им останат... (Чекори нервозен).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Мече си седна под сенката на еден багрем, ја закуба нервозно тревата околу себе и сосема заборави, обземен од свои мисли, на оние што долу, крај реката, запотени под пекот на сонцето, го чекаа нетрпеливо.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за сѐ што станува над нејзината тврда кора.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нервозно и скинато расправав и забележувајќи млака иронија во насмевките на пријателите, се каев и ја колнев во себе својата неуверливост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Смрштен, директорот нервозно се заниша и направи налутено движење, да ја ослободи раката стегната од дајреџијата. Но не можеше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Отсутен од сѐ што ја брануваше, нервозно извика: - Ама што правиш, уште не си почнала ни да се дегримираш?!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пашата излезе и почна нервозно да шета пред шаторот, често погледнувајќи во правецот од каде што се слушаа силни пукотници.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој постојано погледнува во часовникот и нервозно шета по собата. Влегува Фезлиев.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ИВАН: (Пали цигара. Го впива чадот нервозно и со кратки повлекувања.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Оди до прозорецот и гледа на улицата долу. Нервозен е.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Нервозен потсмев му ги грчи усните.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Џемал-ага нервозно ги фрли пуловите, ја тресна таблата, неговиот партнер уплашено трепна и ја одметна главата како да одбегнуваше удар в лице.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гласовите ја губеа јасноста, се претопува во нервозен шум што звучно трепереше во ѕидовите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Групата уште ја немаше. Командирот стана и почна нервозно да шета...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се вртат и другите. Учителот нервозно ги смуртува веѓите и со прст му се заканува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Коле нервозно ја кине обвивката на писмото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ги кинат и нервозно се муртат на црвените петокраки, не знаејќи што пишува под нив.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Саздо преку ветробранот на локомотивата гледа напред - нервозен, загрижен, на извесен начин нестрплив.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)