неразделен прид.

неразделен (прид.)

Прости, само две раце имам два далечни брега и нашата неразделност - меѓу.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот бел завој стана нешто неразделно и дури неопходно за погледите на смелите борци од Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но најдлабоко проникна во душата на Велета, со кого стана неразделен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овој секојдневен џагор на животот зад ѕидот создаваше во него илузија дека меѓу него и оние таму не постои камена преграда што ги дели и, едноставно, тој е неразделен учесник во нивниот живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така беа осудени на неразделност, исто како кога се водат со еден чивт лисици коравиот убиец заедно со некој шеретски престапник. Тоа беше онаа скршената нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури веќе го чувствувавме како нешто сопствено и неразделно од нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не помислувај дека јас, како и Бузо, со молчење ве одминав заради тоа што се плашам од него или пак го сметам за неразделен другар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога го гледам Висара, ми се чини како да го гледам син ми. Зашто беа неразделни другари“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ДВЕ многу добри, дури неразделни, пријателки во Франција станале до смрт непријателки само поради смртта на едно куче.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште неразвиделено ќе тргневме во потера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Аце и Дарко беа добри другари. И неразделни.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нивните карактери некако се дополнуваа, па брзо ги зближија. Станаа блиски пријатели, неразделни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Волјата и заканите не се доволни: зарем е можно да се игнорираат прадедовските обичаи, еден модел на живеење којшто Отоманската Империја не успеа да го промени, скалата на вредности која се заснова како на вроденото искуство така и врз неразделно поврзаното суеверие?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На панделката пишуваше „ОД МОЈАТА ПРИЈАТЕЛКА НОВА ГОДИНА СО КОЈА СУМ НЕРАЗДЕЛЕН!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во неговата свест мирисот на парфем беше неразделно поврзан со блудничење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каранфилчето и сахаринот, сами по себе доволно одвратни, не можеа да го отстранат тешкиот мирис на зејтин; а најлошо од сѐ беше тоа што мирисот на џинот, кој престојуваше во него деноноќно, во свеста му беше неразделно измешан со мирисот на оние...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бевме добри другари и во игрите и во училиштето, а пак како дрвари бевме неразделни.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беше книгата што ми стана неразделен другар во долгите зимски вечери.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Биле неразделни со мајка ми, секогаш заедно работеле земјоделие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе