непоткуплив (прид.)
Нивното злосторство можеби е неоткупливо - нивниот кураж несомнено е херојски“166.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Болничарката прифати, само доколку договорот остане целосна тајна. Ѝ се закани со непоткупливиот показалец. – Ако некогаш се дознае за тоа, ќе те убијам!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Непоткупливата болничарка, единственото суштество кое изгледаше живо во заварената изненадувачка тишина, почна да шета од едниот до другиот крај на спалната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Марија погледна под покривката и здогледа ледени очи и непоткуплив показалец кој ѝ покажуваше да застане во редот. Го послуша.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)