непостоечки прид.

непостоечки (прид.)

Јас сега немам јазик иако ги знам сите постоечки и непостоечки јазици.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Или постојат како непостоечки аморфни маси на локално „надркано” дејствување во кружокот на импотентни крвопијци со привремен наслов „некои”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во онаа мера во којашто уметноста по дефиниција е субверзивна во однос на постоечкиот режим, секоја уметност која денес сака да ѝ биде дорасната на сопствената задача мора да биде државна уметност во служба на сѐ уште непостоечка земја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се исплатуваа само мали суми, додека добитниците на големите премии беа непостоечки личности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сфаќаш ли дека си сам? Ти си надвор од историјата, ти си непостоечки.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Англискиот јазик на Јани се покажа како непостоечки па тоа авторот го прими како олеснувачка околност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Абе, овој да не е некој комарџија“, рече еден од младите картаџии преправајќи се како боже тој на кого тие зборови се однесуваа е непостоечки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам колку е целисходно и понатаму да го влечкаме низ нашите канцеларии овој навистина непостоечки случај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Определувајќи се за прошетка на непостоечки суштества во измислени времиња и предели таа сметаше дека ме заштитува од грдите привиденија со кои можеби имаше и поблиски средби но не беше спремна да зборува за нив плашејќи се дека може случајно и премногу да ми ги приближи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓутоа во кујната, како и обично, беше мајка му седната во својот стол, меѓу масата и шпоретот, со рацете во скутот како мртви риби и истечен поглед кој не можеше да продре и низ најшупливиот ѕид а сепак блудеше вперен во некоја непостоечка иднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И на кој тоа мајчин јазик пишувам и зборувам јас, непостоечкото суштество? Многу просто: на јазик што не постои.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како да сум го зел врз себе непостоечкиот татков аманет да ја продолжам потрагата, да ја довршам неговата невозможна историја, која сама по себе криеше една голема, глобална метафора, која ме доближуваше до филозофските размисли на Емил Сјоран за владеењето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пристигнуваме пред непостоечкото дрвено мовче што водеше од разурнатиот театар кон разурнатиот и непостоечки веќе Пасаж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Живее во иста куќа, а секоја вечер ја менува адресата – закачува таблички со различни броеви и имиња на непостоечки улици.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На белините на еден лист што ми го дофрлува споменот од некоја непостоечка витрина откривам многу многу надраски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе