непозната ж.

непозната (ж.)

Се насмевна мислејќи на својата крв: „Непознати цветови? Можеби си се излажала, Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Од овде до море...“ Запеа тој некоја непозната песна, и кога зборовите почнаа да се судруваат, да се плеткаат, очигледно во тој час измислени, морето предизвика друга мисла и еден збор, повторуван со различни тонови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Отиде брзо и вешто далеку вон град, до под оние ридови на кои живееја непознати села со тврди срца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
2. Дожд и град, тап едноличен далечен мирис на непознати планински билки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѝ пријде со непознати чекори, тромаво, несигурно и го осети под своите дланки трепетот на сувите, подвиткани раменици. „Сеедно, Марија. Сега бегај. И за помалку од ова стрелаат.“ И сега со лути пцости во влажните очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Една непозната недоверба во убоитоста на својата пушка, во вредноста на своите раце, против која не помагаше дури ни тоа, што сега беше изморен и сакаше да спие, решен уште утре да изнајде сѐ загубено од себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во него, како црвојадина, се вовлекуваше една тивка, непозната нишка за себе си - сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Димче ги погледна, непознати, и некако сомнителни му се сторија, но не престана да си ги врви опинците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле кога седнавме да вечераме тивко реков: - Тетка Рајна дојде со една непозната жена, не знам дали тебе те бараше и те дочека ли? - Не гледав во него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од глуждовите на нозете до гушарето, под гушата, женската снага беше непозната. Друга држава... 33
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој човек – тревка на старата фотографија, предаден на моментот и на себе си, како впрочем и сите тие непознати судбини, фатени во еден миг на својот, за мене недофатлив, живот, го засилија во мене чувството за неповторливоста на допирот, звукот, мислата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Да не го згрешив селото, вели, да не се вратив во туѓо село, во непознати луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секаде каде што ќе сретневме луѓе, познати и непознати, добри и лоши, на сите им го кажувавме името на нашата мајка, името на нашиот татко, имињата на нашите сестри и браќа, нашите кришни знаци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Никој не знаеше каде отиде пријателството, погледите, човечката убавина, добрината, Големата вода, сонот, желбите. Сентерлевиот рид, птиците, сонцето, какво е ова време без ветар, без дожд, што не зашумат светлите води на пролетта, какво е ова суво, јалово време, овој голем снег што ни ги затвори патиштата, оваа темница низ која миневме како сенки, непознати, оваа отровна прав во очите, каде отиде таа златна светлост од окото на Кејтеновиот син, каква е оваа лага што нѐ покорува, што нѐ разделува?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Појдов не сосема тажен, појдов со некаква чудна, непозната среќа, целиот пат до Баска го минав среќно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На креветите лежеа непознати лица. Нови ранети.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И потполошките се распеаја. Зад црквата по втор пат жолто расцутеа непознати грмушки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Од непознати далечини“, спокојно и строго а така и им доликува на умните, вели вториот раскажувач: „Да го истопи мразот на земјичкава за еден нов живот, за овој нашиов.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тоа недалечно време, како и сега, луѓето во минаотото бараа некои вистини што и ден-денес не им се непознати, вистини на ловечките души. Толку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да се молчи, да не се засилува огнот со железо, да не се загризува неначнат леб, да не се оди по главни друмови, да не се гледа во ноќното небо, набаре непознати, како никогаш да не се виделе, како никогаш да не се допреле: сега сме два живи камена, некогаш само ветар меѓу нив ќе се провира и пишти...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Повеќе