неостварлив (прид.)
Спокојната и упорна решеност на Глигор да го употреби својот живот за постигање на идеалот што беше некогаш највисок врв на кој требаше да слета и Арсо, му се чинеше само неостварен и никогаш неостварлив сон.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Всушност, заклучи авторот, Митко Кривашија воопшто и не беше комунист туку само наивен човек кој важеше за добар и чесен, за кого практично непостоечката и неостварлива правда беше идеал од којшто тој не можеше да се откаже и истовремено беше уверен дека само комунистичката доктрина би била способна правдата како што тој ја замислуваше да стане стварност на секојдневието.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но, од ден на ден, трагајќи по тајните на Татковата библиотека којашто го претставуваше јасно тестаментот за семејството за идните времиња на Балканот, разбрав дека беше неостварлива замислата да се пишува за Татко без Мајкиното полвековно присуство во неговиот живот…
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- „Ех ќе ти стои, како не!“ - заклучи незадоволно Соколе и се откажа од оваа неостварлива замисла.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Секоја скриена мисла, нов почеток. Почеток на некаква УТОПИЈА. Совршена, непостоечка, замислена, неостварлива.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И обајцата беа пленици на голем и неостварлив сон. Татко на источниот, Климент Камилски на западниот сон. И така обајцата се надополнуваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)