неосетлив (прид.)
Тој беше отсутен пак и туѓ и неосетлив на навредите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ѕидот е неосетлив, осетлива е само главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
13. ТИ ВЕЛАМ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО - море, вели што ќе велиш - никој не те слуша, туку појди си во аптека со лекарскиов наод барај лек за неосетливоста што ни дојде до гуша...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Но стариот железничар беше неосетлив за нивните рамнодушни лица, нему му беше важно нешто да го одржува во живот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)