неодложен (прид.)
Но сега-засега од такви подробни разгледувања за засегнатите прашања уште нема голема и неодложна потреба; затоа требаше за сите од нив да се кажат по неколку збора, зашто тие едно без друго се нејасни и неразбирливи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Татко ми не беше на плоштадот. Не беше дознал за настанот. Имаше некоја неодложна работа во судот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Зависи. Ништо не е неодложно“, рече Едо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Алајко и Мире не му одговорија, само со погледот му дадоа на знаење дека не се дојдени по добрина, туку со сериозна задача, која треба да се реши и изврши веднаш, неодложно и на лице место.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А понекогаш му се случуваше да ја пробие ноќта, па место дома да појде право на работа; тогаш се заклучуваше во кабинетот и преспиваше облечен на каучот за пациенти, а сестрите го бранеа од нив под изговор дека докторот моментно е зафатен со неодложна научна работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Задоцни ѝ вечер од неодложниот состанок со колегите и колешките, ама со усул, и излажи дека си си се зезнал што си бил, ама, ете, немало смисла само ти да не одиш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)