необјаснив (прид.)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Бојан чувствуваше необјаснив немир.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Проклет да бидам, во сето тоа имаше нешто трогателно, нежно, необјасниво.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ме гледа: начинот на смртта не е ограничен, вели, но ова е прва земја во која не видов гробишта; или сите се живи или сите се мртви, некој необјаснив збор ги суши коските.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Околу нив илјадници жаби си пееја себеси во необјаснив сплет од променливи акорди, во слава на некои неодредени принципи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тимоти Лири ВЕЧНА ФИЛОЗОФИЈА НА ХАОСОТ Во овие илјадници години стана очигледно дека основна природа на универзумот е екстремната комплексност, необјаснивиот неред - таа таинствена, заплеткана величина популарно позната како Хаос.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како антиципација на модерната квантна физика, неговиот модел на светот е необјаснив универзум од бесконечни пермутации и рекомбинации.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Меѓувреме му се случуваа необјасниви работи. Чиниш провидението му даваше некакви знаци што тој не ги разбираше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Си ја бараше и онаа црна точка во која се таложеа составките на боите, кои водени од необјаснива сила и по таен пат, се разлеваа по платното, пресоздавајќи го светот во нов свет и животот во нов живот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Разбудена од бакнежот, просветлена од необјаснивата убавина што може да ја предизвика простата физиологија, тогаш, во далечната летна вечер, таа почувствува носталгија за тој чудесен свет што никогаш пред тоа не го доживеала.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Наместо да се истури врз него, зашто ибн Тајко претпоставуваше дека нему душата му гори од лутина поради онаа распеана раја долу, бегот сѐ уште покажуваше повеќе некаква необјаснива загриженост.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И обајцата почувствувавме некаков необјаснив немир.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред секоја средба со Јасер Арафат чувствував длабока, необјаснива потреба да се видам со сето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А којзнае дали и јас самиот си се разбирав во тие мигови, понесен од необјаснивата амбиција која ме водеше кон целта, без да ја сообразам со условите, одбраниот пат кој водеше кон нејзината реализација, последиците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во привидот на разбрануваната вода, веднаш зад грбот на Лев Петрович; во необјаснивото видение што и овојпат го создаде завесата и прекривачот на каучот, наеднаш го видов Адам, како силуета, и штотуку разбуден.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)