неначнат (прид.)
Тогаш, ајде, си рече, нека ни бидат простени сите тие работи, и она, што го сакавме притоа: онаа чистина околу тебе сам, онаа белина на неначнатиот снег пред тебе и насекаде наоколу оној пукнат пат во утрините пред тебе. И сите други бегања.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој шум, сред оваа неначната тишина, добиваше размери на експлозија и за сѐ живо, а притаено во долината, беше настан, беше напнување на слухот, потреперување на срцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вечерта, што со својата сина сенка лесно ја затемни долината, го затече момчето смирено, седнато врз начнатото тело на Јурукот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да се молчи, да не се засилува огнот со железо, да не се загризува неначнат леб, да не се оди по главни друмови, да не се гледа во ноќното небо, набаре непознати, како никогаш да не се виделе, како никогаш да не се допреле: сега сме два живи камена, некогаш само ветар меѓу нив ќе се провира и пишти...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И каменоделците дишеле шумно. Во таа шума на запалени човечки стебла, во тој оган што вивнувал од секое машко влакненце, ни Доце Срменков не останал неначнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го изодуваме камениот мост. Тато, го замислувам во неговите педесетти, побелен, но неначнат од болеста, благо го засилува стисокот на дланката.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не сте сигурни од каде демне заканата само гласот ви звучи сосема обично неначнат од грдите претчувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)