ненаспан (прид.)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можело и од подалеку да се види дека е погрд од својата вчерашна грдост, онаков - ненаспан и недоверлив, повеќе со намера да предизвикува отколку да заштитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Лишеност од среќа“ илустрација: Олаф Хајек
На сцената излегува млада ненаспана девојка, со сламена шапка на главата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Не доаѓаше со денови, со седмици дома. А и кога ќе дојдеше беше изморен, ненаспан и нервозен; не знам дали воопшто и ја забележуваше Здењичка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И во ова утро везирот беше уморен и ненаспан, ама мирен и прибран; клепките му беа тешки, а лицето како заледено во свежината на утрото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)