немирник (м.)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Потоа нѐ погалуваше по глава, ги кореше немирниците и нѐ праќаше на спиење.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)