неколкумесечен (прид.)
„Се исправи без придржување, сама мина покрај нас, кои стоевме како ангелосани, и направи неколку чекори од ходникот до пијаното, огромно висока и непрепознатлива по неколкумесечното лежење во хоризонтала...“ ја опишува Марина Цветаева предсмртната средба на нејзината тешко болна мајка со пијаното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
По неколкумесечно отсуствување од Загреб, послушно ги прифаќам сите совети.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мајка во прегратката ме има мене, неколкумесечен.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка очекуваше само еден збор, од мене, од мојот неколкумесечен престој во Франција, а тоа беше зборот за моето враќање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Те носев, неколкумесечен, в раце, низ рововите, ископани од италијанските војници, за време на војната со Грците, кога се спасувавме заминувајќи во Корча, кај твојата тетка мажена таму.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А ако во работната книшка2 не беше заведен овој неколкумесечен период како работен стаж, работничката нема да можеше да биде пријавена во тогашниот Завод за вработување (денешната АВРМ) и да ги ужива правата кои и следуваат по основ на привремена невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дали Тулио Бути и неговата љубовница се беа сетиле на него по неколкумесечното свирепо лудување?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ми се ругаа со најразлични коментари на незадоволни муштерии, иако после неколкумесечно напрегање станав професионална во својата услуга.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)