нездрав прид.

нездрав (прид.)

Пред сѐ - таа жена има сосема нездраво... минато. Потекнува од фамилија на наши политички непријатели - комунисти?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Му се стори дека на овој човек му е студено, зашто потреперува и од неговото лице удира нездрава бледнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но нездравата упорност не се подава. Со дива подозривост тој одбива сѐ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо блада, загубен во својата нездрава возбуда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Anemique е тој збор кој значи анемичен или нездрав. Anime, уште една игра на зборови, значи жив. BAINS DE GROS THE POUR GRAINS DE BEAUTE SANS TROP DE BENGUE.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лежеше неподвижно на креветот и гледаше во ширниот празен простор над него со нездрава втренченост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но беше и гладен исто така, и тоа гладен на некаков разјадувачки, нездрав начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти ништо не разбираш“, рече. „Да, можеби не разбирам што е тоа здрав народен дух, но многу добро разбирам што е нездрав секс; може рбетот да ти се искриви по џипови“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ти се привидува” реков „Несреќно вљубените имаат нездрави очи. Не знаеше?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нивната лоша страна била дека за жал и тие создавале непотребни главоболки а и недоразбирања, особено кај оние поединци со нездрава шпекулативна умисла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не успеат да го извлечат од нездравата ситуација, патат повеќе од најблиските му роднини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со коров поглед на очите матни се кикоти нездрав по неколку пати наместо книги листаше ризли заведе неколку богати пизди
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тие слушаат лоша музика јадат нездрава храна, имаат нарушен биоритам и не следат културни случувања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)