незаситен (прид.)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во една симболична констатација, волкот е предвесник на апокалипсата. Незаситен голтач на времето. Така барем нѐ учеа на факултетот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Аждерот беше незаситен, затоа како најслатка храна му ги даваа и сите што ќе се разбудеа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Девојката, што ја имам милувано како најпосакувана вистина и по оние места кои обично ги сметаме за незаситни, наеднаш излегува од под меката сладострастна покривка на интимниот чин и со корбач в рака го казнува човекот кој и ја приредил неповторливата екстаза!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)