незадржлив (прид.)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Меѓутоа, огромното значење на Хегел не е во неговите филозофски теории како такви, туку единствено во откривањето на постојаното и незадржливо движење што владее во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Основното учење на Хегеловата филозофија е тврдењето дека светот и општеството се во постојан развој и дека тој нивни развој е незадржлив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Имам незадржлива желба да ја фатам и да ја залулам во мрежата на тромавиот пајак.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Честита Нова година! Радосни извици. Незадржив бран.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сега да почнеме со лебот и сирењето. Арсо, со незадржливиот нагон на гладно животно, откина јадар залак. Другите веднаш му се придружуваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, не многу после тоа од својот прозорец Змејко можеше да гледа како неа ја истуркуваат, разматувајќи ја, едни црвеникави, осојничави ветрови, што избодинуваа како незадржлива пепелничава коњица од северното небо, внесувајќи некој токму таков пепелаво-модрикав немир, во оние бездони пробиви, што ги оставаа по себе во исковитланата и наеднаш сосема поинаква, плаховита смиреност на облаците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Томче почувствува незадржлива желба да ја овековечи оваа прекрасна слика.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Седеше така долго време, глув дури и на завивањето на волците околу колибата, а потоа наеднаш, како да изби, како да се скина некој обрач што го стегаше, се плесна на одарот и заплака на сет глас, со порој незадржливи солзи во очите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Родољубивецу! Поројот на грчкиот јазик во тукашните места ќе стане незадржлив, ако не се преземат силни мерки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кругот е завршен – црномурестиот витез со жолтата наметка поаѓа кон Градот, а идната хранителка на змиското семе копнежот незадржливо ја води од Градот, кон прегратката на блискиот незнаенец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Козите на Чанга се држеа настрана, уплашени уште во утрини да не ја сетат врз себе незадржливата снага на Сталин. Тие добро знаеја како стега Сталин.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга претпоставуваше дека многубројните пештери во утробата на Калето ги длабела реката со своите вечни, незадржливи поплави.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но тој, татко ми како да имаше еден свој внатрешен јазик на тишината, на кој му ги доверуваше своите незадржливи мисли на кој и да било надворешен јазик.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во оваа земја, меѓутоа, постои силен контраст помеѓу нараснувачката апстрактност на нуклеусниот универзум и примарната, внатрешна, незадржлива виталност, која не произлегла од вкоренетоста туку од искоренетоста, една метаболичка виталност како сексуална така и деловна, телесна, сообраќајна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
- Хелвиг, - тивко прозборе. Гласот незадржливо ѝ трепереше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Водата на Пребег лете има примамлив глас, незадржлив. Тешко да му се отмеш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Раскажуваа, на моменти со носталгија и незадржлива патетика, на моменти со занес, од кој никој не сакаше да ги оттргне.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Треба да знае дека битката против незадржливоста на исконот е бесмислена.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)